Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, остро реагирал откако грчкиот пратеник Јанис Лагос го искинал турското знаме во Европскиот парламент.
Овие расистички глави најдобро знаат како им ги скршивме рацете на оние кои се обидоа да го допрат нашето славно знаме”, напишал Чавушоглу на Твитер.
Разгалените и расистички деца на Европа мора да ги знаат своите граници. Европа конечно треба да каже “стоп” за антиисламот и расизмот. Нашето знаме и понатаму гордо ќе се вее. Очекуваме Европскиот парламент да преземе потребни мерки во врска со овој кловн (Лагос)”, порачал Турчинот.
Грчкиот пратеник го искинал турското знаме во Европскиот парламент во текот на заседанието со назив “Хуманитарна ситуација на грчките острови”.
Лагос го изнел тврдењето дека грчкиот народ е на мета на напади од страна на мигранти, а потоа додал:
На една страна ја имаме Турција која може да направи што сака. Мигрантите пристигнуваат во нашата земја. Ова е турското знаме, што треба да направите со него, да го искинете и фрлите. Мораме да го запреме тоа”.
Şanlı bayrağımıza uzanan elleri nasıl kırdığımızı, denize nasıl döktüğümüzü en iyi bu ırkçı kafalar bilir. Avrupa’nın şımarık, ırkçı çocukları hadlerini bilsin. Avrupa İslam karşıtlığı ve ırkçılığa artık dur demeli. pic.twitter.com/D9dSdeQa2m
— Mevlüt Çavuşoğlu (@MevlutCavusoglu) January 30, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.