Порастот на бројот на заразени со коронавирус на грчкиот остров Калимнос ги поттикна властите денеска да го стават под блокада, ден по олеснување на ограничувањата ширум земјата.
Министерството за цивилна заштита соопшти дека воведува блокада на егејскиот остров од среда до 10 мај „од итни причини за сериозен ризик по јавното здравје“ и да го ограничи ширењето на вирусот, пренесува Ројтерс.
Според тие мерки, на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само заради работа, да посетат доктор или аптека, да ги прошетаат миленичињата или да купуваат во супермаркет до 18 часот.
Останатите ограничувања вклучуваат прекин на градежничките работи и верските обреди, вклучувајќи и погреби до девет лица. На жителите им е дозволено да го напуштат островот само од здравствени причини.
Рестораните и баровите во Грција вчера беа повторно отворени после шест месеци, бидејќи властите ги олеснуваат ограничувањата при официјалното отворање на туристичката сезона на 15 мај, пренесува Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.