Ако некој вработен, со неговиот избор да не се вакцинира, ја става компанијата во опасност, тогаш тоа е важна причина за тој да биде отпуштен, рече министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Георгијадис, во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.
Георгијадис, сепак објасни дека пред да стигне до отпуштање, компанијата ќе треба да ги исцрпи сите можности што стојат на располагање, како што е на пример работа од дома.
Вакцинацијата во Грција, засега, задолжителна е за здравствените работници и за вработените во центрите за грижа на лица.
Во конкретните центри, доколку вработен одбие да се вакцинира, нема да биде отпуштен од работа, туку ќе биде на принуден неплатен одмор на неодредено време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.