Портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, на редовен брифинг со новинарите изјави дека главната економска грижа на Владата, во оваа фаза е засилување на туристичкиот бран кон земјата.

Веќе се преземени сите неопходни мерки за да функционира како безбедна туристичка дестинација и се развиваат насочени активности за привлекување на максимален број посетители – изјави Пелони.

Таа го оцени позитивно фактот што ЕУ го усвоила и одобрила грчкиот предлог за европски дигитален сертификат, со кој „ќе се олесни движењето на европските граѓани“.

Грција е подготвена да го презентира сертификатот, а целта е да го воведеме порано, заедно со европските земји што се веќе подготвени и тоа во текот на јуни – изјави Пелони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.