Обвинувањата на претседателот на Федерацијата на вработените во државните болници во Грција (ПОЕДИН) Михалис Јанакос дека на Одделите за интензивна нега во грчките болници се чуваат празни кревети за ВИП пациенти, предизвика реакции во земјата, од Владата категорично демантираат, а министерот за здравство на Грција Танос Плеврис за целиот случај и тврдењата поднел пријава, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека „против претседателот на ПОЕДИН и против сите одговорни за ширење лажни вести и клевети за наводно постоење кревети на интензивна нега, што се чуваат за одбрани личности и не им се на располагање на пациентите“, Плеврис, до обвинителот од Врховниот суд поднесе пријава за кривични дела.

Додаваат дека оние кои шират лажните вести ќе бидат повикани да одговараат, бидејќи „провокативно ги клеветат лекарите, болничарите и персоналот на брзата помош, кои се во првата линија во справувањето со пандемијата“.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, објасни дека критериумите за прием на Одделите за интензивна нега се исклучиво медицински и „незамисливо е било какво делење на пациентите“.

Додаде дека конкретните тврдења „ги навредуваат здравствените работници, научниците, лекарите кои исклучиво со медицински критериуми носат одлуки за тоа кој ќе влезе на итензивна нега, а кој не.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.