Светиот синод на Грчката православна црква изразува разочарност, силен протест и загриженост за претворањето на Светиот храм, на големата Православна црква Света Софија во Истанбул во муслиманска џамија и простор за молитви на исламската религија, соопштуваат од ГПЦ и додаваат дека со ова претворање, „споменикот од културно место станува точка на поделба”, јави дописничката на МИА од Атина.
Во соопштението од Светиот синод на ГПЦ, што е второ по ред, велат дека постапката од турска страна „наметнува будност и освестеност на целиот духовен свет, останатите цркви, влади и меѓународни организации кои ги бранат мирот, соживотот и соработката меѓу народите, културите и религиите” со цел да се отповика одлуката и додаваат дека ќе покренат активности со кои ќе бараат да се врати правилниот статус на Света Софија.
Паралелно, коментираат дека „инструментализацијата на споменик-симбол на единството и мирен соживот во место на изолирана функционалност на една религија”, поради внатрешно- политички цели, „е практична манифестација на културен недостаток од страна на раководството на соседната земја и претставува јасно оддалечување од европските принципи на мир и почитување на различноста”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.