Грчката полиција денес објави дека запленила 500.000 таблети екстази и уапсила три лица, осомничени дека биле поврзани со дрогата.
Полициската операција се случи во петокот во Солун, вториот по големина град во Грција, објави АП.
Уличната вредност на запленетата дрога се проценува на околу 10 милиони евра, се вели во полициското соопштение.
На почетокот на акцијата полицијата уапсила 56-годишен Грк, возач на камион, во чие возило пронашла 180.000 таблети екстази. Набргу потоа, запрен бил автомобил во кој биле откриени 320.000 таблети екстази и уапси двајца ирачки државјани.
Полицијата соопшти дека трага по друг грчки возач на камион.
Претставник на грчката полиција, кој побара анонимност, за Асошиејтед прес изјави дека запленетата дрога е произведена во Западна Европа и дека најверојатно е наменета за пазари во Грција и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.