Зајакнато е обезбедувањето на домашната граница со Грција по инцидентите кои се случија утринава кога стотици мигранти најпрвин се обидоа да избегаат од кампот во Солун со цел да влезат во Македонија и притоа грчката полиција мораше да реагира за да ги врати назад. Министрерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека за сега состојбата е под контрола и се во постојана комуникација со полициските службеници од другата страна на границата.

Од регионалниот центар МАРРИ пак велат дека досега според бројките од 1200 до 1500 мигранти се во соседна Грција и се обидуваат да дојдат на наша територија а околу 500 од нив се веќе во Солун. Директорот на МАРРИ Сашко Коцев пак вели нема простор за паника дека ќе се повтори 2015 та бидејќи сега и самите држави се многу поподготвени да се справат со овие миграциски текови.

И од ЕК денеска се огласија дека одблиску ја следат ситуацијата со мигрантите во северниот дел на Грција но и посочуваат дека добиваат уверување од грчките власти дека тие се мобилизирани за избегнување на нерегуларни движења и дека и во текот на денот ќе пшродолжат да вршат мониторинг.

И грчкиот министер за миграција ги повика мигрантите да се вратат назад во камповите бидејќи како што информираше за грчките медиуми лажни биле информациите дека границата односно балканската рута ќе биде отворена. И министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски пак посочи оти западно балканската рута веќе не е толку актуелна и дека поголем дел од мигрантите целат од Грција преку Албанија да се упатат накај Црна Гора или Италија. Сепак вели трендот на илегална миграција и натаму расте. Само во 2018 та година околу 17 илјади мигранти биле вратени од јужната граница на нашата земја кои сакале илегално да мигрираат.

(Извор – 24.мк)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.