Грчката полиција употреби солзавец и водени топови во Солун за да ги прекине демонстрациите на илјадници луѓе против задолжителната вакцинација против коронавирусот.

Властите соопштија дека демонстрантите со сигнални ракети ја гаѓале полицијата, која ги спречила да стигнат до областа каде што премиерот Киријакос Мицотакис го одржа својот годишен говор за економијата, пренесе Ројтерс.

Тој годишен говор главно привлекува голем број демонстранти, а полицијата процени дека имало повеќе од 15.000.

Меѓу демонстрантите беа противници на различните економски политики на грчката влада и задолжителната вакцинација против коронавирусот.

Грција суспендираше скоро 6.000 здравствени работници што не се вакцинираа до 1 септември.

5,7 милиони Грци, односно 55% од населението, беа целосно вакцинирани против коронавирусот, додека 59% добија барем една доза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.