Имаме план за отварање на аеродормот, а отварање на гранциите ќе биде последна мерка, најави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Јас се надевам дека тоа ќе се случи брзо, но не можам да зборувам за датуми, бидејќи тоа би било лицитирање. Авиопревозот е најлесно да се контролира, да се истестираат луѓето кои доаѓаат, и тие луѓе кои ќе дојдат ќе бидат во карантин 14 дена – објаснила таа.

Сепак според неа не се очекува голем наплив на патници, бидејќи не работат многу аеродроми.

Гранците ќе бидат отворени, кога струката ќе прогласи победа над ковидот – рече Бранбиќ.

Таа е презадоволна како Србија се снашла со првиот бран на короната и дека тоа била голема борба, ама дека не биле безгрешни.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.