Унгарската Влада донесе одлука повторно да ги затвори границите на земјата како на почетокот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот, Гергели Гулаш.
Тој рече дека од 1 септември на странските државјани ќе им биде забранет влез во Унгарија, освен во исклучителни случаи, јави агенцијата МТИ.
Унгарските граѓани кои се враќаат во земјата ќе треба да бидат во карантин 14 дена или додека не добијат два негативни теста направени во два различни дена.
Овие мерки се воведени за да се спречи внесувањето на вирусот во земјава, истакна Гулаш, додавајќи дека Унгарија, пред сè, на тој начин сака да ги заштити своите постари граѓани, да им овозможи на децата да бидат безбедно подготвени за почетокот на учебната година и да продолжат со економскиот напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.