Од Бугарија во Грција може да влезат само државјани на ЕУ, а границата помеѓу двете земји отворена е во точно 11 часот, соопшти денеска бугарската Гранична полиција.

Отворањето на границата следувало еден час откако официјално е објавено дека ќе биде отворена, а државјаните на ЕУ кои сакаат да влезат во Бугарија мора претходно да пополнат прашалник во кој треба да го наведат полното име и презиме и местото каде патуваат, пренесува БТА.

Се додава дека патниците случајно ќе бидат тестирани за вирусот Ковид-19, а доколку се покаже дека патникот е заразен, ќе биде испратен во 14-дневен карантин.

Како што се наведува, од рано утринава на бугарско-грчката граница се формираше долга колона на автомобили, како и дека до пладне била долга неколку километри, а дека патниците се државјани на Бугарија, Романија, Германија и други европски земји.

Грција на 29 мај соопшти дека од 15 јуни ги отвора своите граници за 29 земји членки на унијата и државите кои не се членки на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.