Резултатите од истражувањето, спроведено од Централната банка на Австрија, со граѓаните во регионот на Југоисточна Европа, покажуваат дека довербата на Албанците во Европската Унија е намалена за 13 отсто во рок од една година.
Во 2019 година, само 51 отсто од анкетираните албански граѓани имале доверба во ЕУ во споредба со 64 отсто во 2018 година. Довербата во ЕУ варира во последните години а највисок процент на доверба од 77 проценти е забележан во 2011 година, веднаш по укинувањето на визите што се случи на 15 декември 2010 година.
И покрај овој пад, албанските граѓани остануваат со највисоко ниво на доверба во ЕУ, во споредба со другите земји од Западен Балкан. Во четирите земји што не се членки, Србија, Македонија, БиХ и Албанија, каде што беше спроведено истражувањето, довербата во Европската Унија значително се намалила во 2019 година. Спротивно на тоа, граѓаните во земјите-членки на ЕУ како Бугарија, Чешка, Унгарија и Полска имаат зголемена доверба во ЕУ во 2019 година – наведува весникот „Монитор“.
Според истиот извор во периодот 2009-2019 година албанските граѓани имаат највисоки нивоа на доверба во ЕУ, дури повоски и од новите земји-членки, но се чини дека „условите за отворање на преговорите го изгубија трпението на Албанците“.
-Пандемијата со Ковид-19 дополнително ги оддалечува балканските земји и Албанците од Европската унија. Недостигот на солидарност за проширување на помошта за најсиромашниот регион во Европа и недостигот на залихи на вакцини за балканските земји може да го зголеми скептицизмот, констатра весникот Монитор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.