Во Хрватска е потврден шестиот случај на заразен со коронавирусот, соопштија тамошните здравствени власти. Станува збор за лице кое било во блиски контакти со третозаболениот во оваа држава.

Досега 176 лица биле тестирани за коронавирус. Еден студент во Загреб е во изолација во студентски дом поради престој во област погодена со заразата.

Со интересни препораки денеска излезе директорот на хрватскиот Завод за јавно здравје, Крунослав Цапак.

Хигиената е исклучително важна. Францускиот министер за здравство даде упатство луѓето да не се ракуваат, туку да се поздравуваат со кимање глава и на други начини, од причина што и преку раце оваа инфекција може да се пренесе во значаен процент. Ние се уште не сме решиле да дадеме таква препорака, но сега ме поттикнавте на тоа. Значи, препорачуваме во овој период луѓето да не се ракуваат – изјави Цапак.

Тој рече дека и Пос-терминалите (уреди за наплата со кредитна картичка) може да бидат елемент преку кој се пренесува болеста. Сите што допираат таков уред треба потоа детално да ги измијат рацете, а трговците да ги избришат терминалите со дезинфекциско средство, препорача директорот на хрватскиот Завод за јавно здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.