Рама оди си, извикувала толпата која вчера го пречекала албанскиот премиер Еди Рама на влезот во градот Либражд во близина на македонската граница кај Охрид.

Членовите на Демократската партија кои бараат оставка фрлале со камења по возилото на Рама кој одел на средба со граѓани во градот Прења.

На видеото се гледа дека откако полицијата која се судрила со демонатрантите не успеала да ја спречи блокадата на колоната на Рама таа врти по спореден пат при што по удар од едно од возилата во придружбата на Рама полесно се повредени две лица.

Снимки во аудио формат објавени од германскиот весник Билд минатата недела укажуваат на соработка на Рама со нарко групи предизвикаа криза во земјата а Албанија го загуби датумот за преговори со ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.