Градоначалникот на Петриње, Даринко Думбовиќ најави дека на државата ќе и ги врати доделените 30 милиони куни помош за земјотресот.
Како што објави „Јутарњи лист“, ваквата најава на Думбовиќ доаѓа затоа што, според него, „државата не гледа во луѓето и во штетата, туку во политичката припадност“.
Преспав и одлучив. Нема да ги земам 30 милиони куни што жупанот Иво Шиниќ, од вкупно 100 милиони за областите погодени од земјотресот, ги додели на Петриње. Ако владата сака да им помогне на луѓето од Петриња, нека ни испратат помош директно, врз основа на експертска проценка.
Во градот нема ниту една институција што е цела. Останавме без струја, вода, се тресе постојано, паѓаат цигли. Она што најмногу се плашам е да не биде повредено уште едно лице. Ни требаа дваесет години да го обновиме градот, и сега треба да срушиме две училишта, катастарот, судот, поранешната пошта, целиот центар … – рече Думбовиќ.
Градоначалникот вели дека им се дистрибуира помош и на оние на кои им е потребна и на оние на кои не им е потребна.
Петриње има 24.000 жители, а Глина не повеќе од 2.000, а 9.000 со околните села. Ако од 100 милиони куни дадете 30 милиони на Петриња и 25 милиони на Глина, тогаш треба некој да ми објасни според кој критериум се поделени средствата ако не е политички – вели градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.