Денеска нов потрес со јачина од 5,3 степени се случи во Петриња, во градот каде што пред едена недела се случи земјотрес од 6,3 степени со која загинаа седум лица.
Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ истакна дека по последниот потрес, се размислува и на евакуирање на целиот град.
„Овој удар беше страшен, и носи параноична ситуација, бесизлезна ситуација и состојба на неизвесност. Ситуацијата е катастрофална, од причина што градот и остатоците со ваков потрес даваат до знаење дека мора да превземеме други мерки. Ова е порака, се што е опасно по живот и таа опасност доаѓа од секоја зграда“, рече Думбовиќ и додаде:
„Едноставно ноќта е невозможно да се мине во услови на страв и на ладно“.
На прашање дали тоа значи евакуација на Петриња?
„Најверојатно“, одговори Думбовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.