Тлото во Хрватска не престанува да се треси. Нов потрес со јачина од 5 степени денеска го стресе Петриња, хрватскиот град каде што пред една недела се случи земјотрес од 6,3 степени, во кој загинаа седум лица.

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ истакна дека по последниот потрес, се размислува и на евакуирање на целиот град.

-Овој удар беше страшен, и носи параноична ситуација, безизлезна ситуација и состојба на неизвесност. Ситуацијата е катастрофална, од причина што градот и остатоците со ваков потрес даваат до знаење дека мора да превземеме други мерки. Ова е порака, се што е опасно по живот и таа опасност доаѓа од секоја зграда, рече Думбовиќ и додаде:

„Едноставно ноќта е невозможно да се мине во услови на страв и на ладно“.

На прашање дали тоа значи евакуација на Петриња?

„Најверојатно“, одговори Думбовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.