Четворица маскирани лица ограбиле банка вчера во косовскиот град Штимље, регионот на Урошевац.
Според полицијата, разбојниците биле вооружени со оружје и под закана на оружјето од работничката побарале да ги предаде парите од касата, а за која сума станува збор не е познато.
Крадците побегнале од местото на настанот со комбе и додека ги гонеле тие пукале во правец на полициското возило.
Во ексклузивните снимки што ги објави Индексонлајн се слушаат и истрели од огнено оружје. Во врска со овој случај се уште никој не е привдеден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.