Хрватска– Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китарoвиќ изјави дека ќе се кандидира за вториот мандат на чело на државата, изјавувајќи дека „сега не може да и сврти грб на Хрватска“, пренесе Фена.

Секако, влегувам во кандидатура за нов претседателски мандат, а наскоро и ќе ја објавам. Но, пред тоа, сакам да работам што поголем дел од мандатниот период како претседателка, рече Грабар-Китарoвиќ за „Хрватски тједник“.

Како сега би изгледало да и го свртам грбот на Хрватска и да прифатам некои работи што ми се нудат, кои низ Европа и светот се многу поплатени, а јас да го напуштам својот хрватски народ и сопствените деца, кои иднината ја гледаат овде, објасни таа.

Таа кажа и дека се потпира, пред се, на хрватскиот народ, но дека нема да и го сврти грбот на партијата од која израснала, без разлика што во некои аспекти не се согласувала со нејзината политика, било во времето на Иво Санадер или било кој друг лидер на ХДЗ.

Тоа што сум верна на ХДЗ не значи дека не сум му верна на целиот спектар на луѓе кои ја сакаат Хрватска, рече Грабар-Китарoвиќ.

Таа истакна дека сака државата да ја врати на патот по кој тргна во деведесетите.

Не да ја вратиме во деведесетите, туку на патот што го зацрта претседателот Фрањо Туџман, на патот на достоинството и гордоста, на патот на европејството кое нема да биде сервилно, но и на патот на политичката одлучност, ефикасност и одговорност, порача актуелната хрватска претседателка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.