Хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ денеска во Риека најави пред новинарите дека претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ ќе се кандидира за уште еден мандат за шеф на државата и ќе биде кандидат на неговата партија.

Запрашан дали Грабар-Китаровиќ ја злоупотребила прославата на Денот на победата и татковинската благодарност за најава на новата кандидатура, Пленковиќ истакна дека тоа „се оценки на дел од медиумите и нејзините критичари“.

– Таа изјави дека дошла на денот на победата како претседателка и дека ќе доаѓа и во следните пет години – нагласи хрватскиот премиер, додавајќи дека се останато е само интерпретација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.