Наташа Јанковиќ(42), е една од петмината настрадани во морничавата сообраќајна несреќа која се случи на преминот преку пругата кај Долно Меѓурово. Таа денеска беше погребана во селото Чокот во присуство на многубројното семејство и пријателите.

Леле Наташа, око мое мило.Мајко, не можам ова да го издржам – плачел сопругот на Наташа на прозорот на семејната куќа, откако после опелото изнесен е сандакот со телото на неговата сопруга.

Мајката на Наташа непрекинато плачела, ја прегрнувала фотографијата на својата ќерка.

Зошто Господе ми ја зеде – нарекувала мајката на Наташа, Горица.

Тажната колона ја предводел синот на Наташа, Петар, кој го преживеа страшниот судир. Токму фотографијата која го обиколи регионот е фотографијата на синот на Наташа во прегратка на неговиот татко.

Петар во петокот наутро тргнал во училиште. Но таму не стигнал. Наместо тоа доживеал шок и останал без мајка. Тој за смртта на мајка му дознал од неговиот татко во болницата, каде татко му пред сите луѓе му ја соопштила страшната вест за загубата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.