Голем пожар избувна кај Шибеник. Годинава тоа е најголем пожар на подрачјето на Хрватска и е прв во кој се ангажирани и припадниците на војската. При гасењето на пожарот бил повреден еден пожарникар, кој се наголтал чад и по укажаната помош е пуштен дома, јавува хрватски „Индекс“.

Во моментов на терен се околу 150 пожарникари кои во текот на ноќта ќе се ангажираат да ги спасат куќите од огнената стихија. Се очекува ангажман и на дополнителни противпожарни сили.

Целото подрачје на Дубрава е без електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.