За централниот дел на Црна Гора за утре е прогласен црвен метеоаларм заради невреме, додека во останатите делови од земјата ќе биде портокалов.

Од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија за утре најавуваат дождливо време, со грмотевици. За вечерта се најавуваат послаби врнежи.

Директоратот за вонредни ситуации вчера ги повика граѓаните и надлежните служби да внимаваат заради најавеното невреме со силен дожд и ветар.

Од таму наведуваат дека подрачјето на Црна Гора до 10 ноември ќе биде под серија на силни циклонски активности со врнежи од дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.