Веќе трет ден силен медитерански циклон влијае на временските прилики на целиот Јадран. Нискиот притисок на воздухот предизвика циклонска плима, така што нивото на морето е за неколку десетици сантиметри над нормалното.
Како што пишува „Далмација данас“, поплавени се Каштели и Трогир.
Хрватскиот град Вргорац, во Сплитско-далматинската Жупанија, беше поплавен по обилните дождови, како и околината. Патиштата во Вргорац се под вода, а загрозени се и куќи. Ситуацијата се влошува од час во час, а врнежите се најавени во наредните денови.
Локалните медиуми јавуваат дека локалното население се обидува да го заштити тоа што може да се спаси од куќите, градејќи „зајачки насипи“.
Во тоа им помагаат членови на хрватската планинска служба и работници од „Водопривреда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.