Полицијата синоќа на Јахорина според неофицијалните информации ја уапсила Тамара Звицер, сопруга на наводниот водач на кавачкиот клан, Радоја Звицер, јавуваат српските медиуми.

Сопругата на Радоја Звицер, Тамара, стана позната кога во последен момент го спаси животот на својот сопруг за време на атентат во Украина.

Деталите на тој напад ги објави украинскиот портал Детектив инфо. На снимката се гледа како женска рака пука од пиштол на напаѓачите кои се обиделе на го убијат нејзиниот сопруг.

Инаку Тамара Звицер е позната на црногорската полиција одамна. И неа во 2016 година се обиделе да ја убијат, а за тоа е осомничен Јован Вукотиќ, високорангиран припадник на шкаљарскиот клан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.