Албанскиот парламент на денешната попладневна седница ја ратификува Спогодбата за отворање Македонски културно – информативен центар во Тирана.

На седницата, за значењето на центрите кои ќе се отворат во Тирана и во Скопје, зборуваше Васил Стерјовски, пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, кој од име на партијата и од сите Македонци во Албанија ја изнесе целосната поддршка за отворање вакви центри.

-Отворањето на овие културно-информативни центри во Тирана и Скопје ќе ги интензивира културните односи меѓу двете земји, ќе го зајакне понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Македонија, ќе се развие и зајакне меѓукултурната соработка и ќе се создадат услови за уметници од двете држави да ја претстават својата работа во двете држави, рече Стерјовски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.