Зорица чукна на нашата врата, а кога отворивме, се шокиравме! Беше гола зошто алиштата ѝ беа изгорени, црвена од изгореници, со изгорена коса. Бараше помош. Не ја познавме. Прашавме како се вика, кога ни рече Зорица, сфативме што се случува.
Вака за српски „Курир“ сведочи Ж.С., сосед на 66-годишната Зорица Калиниќ која на 13 јули во Белград беше жива запалена од поранешниот партнер Радомир Б.(52). Зорица почина два дена подоцна, додека на Радомир ќе му се суди за свирепо убиство.
Никој не ги слушна нејзините повици за помош, зошто во зградата некој работеше со бушалица. Не знаеме како успеа сама да го угасне огнот, раскажува комшијата.
Додава дека таа не сакала да им признае кој ја повредил.
Но, одма знаевме дека е Радомир. Го имавме видено како доаѓа. Тој е од Смедерево, ама тука работеше на градилиште. Се запознаа преку „Фејсбук“. Десетина дена пред убиството му рекла дека не сака веќе да се гледаат, зошто многу пиеше и тогаш знаел да ја нападне. Еднаш дури и ја давел. Не сакаше да го пријави, само сакаше да го снема од нејзиниот живот, раскажува соседот.
Полицијата собира докази дека злосторот бил планирал, зошто во зградата била пронајдена и кантичката во која Радомир донел бензин за да ја запали поранешната партнерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.