СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(26) од Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 02.08.2020 на Граничниот премин Блаце се обидел да влезе во Република Македонија без притоа да поседува ПЦР тест не постар од 72 часа, но бил вратен од страна на надлежните служби.
Потоа, остварил илегален влез во Република Македонија, каде се задржал до 04.08.2020, кога на Граничниот премин Табановце сакал да оствари излез и да се врати во Р.Србија. При извршен преглед од страна на надлежните било констатирано дека лицето не е во евиденцијата за остварен влез во Република Македонија. Со ова пријавениот постапил спротивно на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот ковид–19, донесена од Владата на Република Македонија, со која не е дозволен влез на државјани на Р.Србија, Р.Косово, Р.Црна Гора и Р.Босна и Херцеговина без приложена медицинска потврда со негативен резултат за ковид–19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.