Саша П.(39), инвеститор од Белград, бил жртва на филмски грабеж. Двајца разбојници, маскирани во полицајци, му упаднале во станот на Звездара, го врзале него и сестра му, го претепале и му зеле 100.000 евра, кои ги зел како кредит од банка.

Полицијата се сомнева дека разбојниците се околу 40 години и по нив интензивно се трага.

Двајца мажи најнормално влегле во зградата на врата. Се качиле на спратот, каде Саша П. живее со сестра му. Лупале на врата, а кога отворил, едниот му покажал полициска значка. Саша ги пуштил да влезат, а тие извадиле пиштол и почнале да викаат, Полиција, легни доле – ја прераскажува драмата изворот на српски Курир.

Потоа инвеститорот и сестра му ги врзале за столици. Почнале да им се закануваат и да ги бараат парите, за кои знаеле дека ги зел од банка. Жртвите прво несакале да им ги дадат, ниту да им кажат каде ги чуваат. Меѓутоа кога ограбувачите станале агресивни и почнале да го удираат Саша тој им кажал каде стојат парите.

Саша имал 86.000 евра и 1,5 милион динари, кој ги земал за работа. Кога ограбувачите го добиле она што го барале, мирно си излегле од станот – додава изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.