Го слушнав само ударот кога автобусот се подели на пола. Луѓето почнаа да викаат: „Нè удри воз!“.
Oва за српски „Блиц“ го раскажува 16-годишниот Димитрија Јовановиќ, средношколец кој се здоби со полесни повреди во страотната несреќа утрово, кога се воз преполови автобус кај Ниш.
Јовановиќ седел во задниот дел од автобусот кога се случила несреќата. Патувал од дома кон средното школо „Никола Тесла“
Седев позади, ништо не видов, само го слушав ударот. Излегов надвор и видов луѓе како плачат. Имаше крв насекаде, вели тој.
Неговиот татко Миодраг додава дека на ова место барем еднаш годишно се случува несреќа. Тоа е прелаз кој не е регулиран со рампа.
Бројот на жртви се искачи на пет лица, а според српските медиуми уште 10 лица се во критична состојба. Двајца возрасни и дете починале на местото на несреќата, а уште две лица животот го загубиле во Клиничкиот центар во Ниш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.