Српската полиција го уапсила Љ.С. (1979) од Белград поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела посредување во проституција и напад на службено лице при вршење на службени должности.
Претресот во станот каде бил макрото и 52-годишна жена бил извршен откако полицијата дознала дека, сега уапсените, преку оглас на веб сајт нуделе сексуални услуги, објавија српските медиуми.
При апсењето осомничениот Љ.С. турнал еден од полицајците и го гризнал за десната рака нанесувајќи му повреди.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, а ќе му биде поднесена соодветна прекршочна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.