Косовскиот вицепремиер Авдулах Хоти е нападнат со јајца денеска во близина на објектот на Владата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
На видеото кое е објавено на социјалните мрежи и во некои медиуми, се гледа како кон Хоти, кој е придружуван од уште три лица, некој фрла две јајца и извикува „таксата не смее да се укине“.
Нападот е реакција на намерата на новата косовска Влада, која ја води Албин Курти, а чиј прв потпретседател е Хоти, да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, која во ноември 2018 година ја воведе претходната влада на Рамуш Харадинај.
Против укинувањето на таксата се партиите од претходната владејачка коалиција, сегашната опозиција, а најгласни се Харадинај и неговата партија Алијанса за иднината на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.