Радојко Милосавлјевиќ, маж на возраст од 53-години од Србија, утрово требало да се качи во автобусот кој се судри и запали, при што загинаа 4 лица. Тој е очевидец на страшната несреќа.
Го чекал автобусот на станицата кога тој пред негови очи се судрил директно со камион. Веднаш притрчал да помогне.
Истрчав на помош, почнав да извлекувам патници најбрзо што можев, а тогаш се запали автобусот – вели тој за српски Курир.
Со него притрчал и постар господин кој бил во автомобил на патот, и заедно успеале да извадат шест патници.
Спасивме шест патници од димот и оганот. Ги однесовме покрај патот. Другите настрадаа – вели тој.
Загинаа четири лица кои живи изгореле, а повеќе се повредени.
Несреќата се случи во 6 часот и 45 минути утрово на патот Куршумлија-Прокупље.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.