Во страшниот судир на воз и автобус кај Долно Меѓурово, настрада и Богомир Лазиќ(75) од Чокот, кој како и секој ден тргнал на пазарот во ниш, каде на тезга продавал зеленчук.

Секој ден одеше во Ниш, каде продаваше зеленчук. На телевизија слушнавме за несреќата. Не знам што се случило, но сите зборуваат дека возачот на автобусот е виновен -изјавил за Блиц, Бојан Лазиќ, син на настраданиот Богомир.

Хранислав Лазиќ, кому настраданиот Богомир му бил чичко, вели дека го барале меѓу повреднеите, но дека после еден час помалдиот син на жртвата, Горан, јавил дека доживеал страшна судбина.

Ме повика Горан и ми рече: Брате, готово е!Богомир беше во години, но беше витален и можеше уште да поживее. Жално е и за сите оние малди луѓе кои загинаа – рекол Хранислав.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.