Дарио Јуричан, директор на фирмата „Милан Бандиќ услуги и противуслуги дооел“, испратил барање до Загрепскиот холдинг со кое бара посмртните останки од покојниот градоналчалник на Загре Милан Бандиќ да ѝ бидат предадени на неговата фирма, за да ги силожи во мавзолеј, пишува Индекс.хр.
Јуричан смета дека Градските гробишта го срамотат името на Милан Бандиќ со тоа што го закопале на нелегална парцела, на зелена површина.

Со тоа што Градските гробишта го закопале великанот на хрватската држава Милан Бандиќ надвор од предвиденото гробно поле, покојникот е понижен и нанесена му е штета на неговиот углед во Загреб, Погана Влака и светот, кој толку многу го задолжил. Затоа бараме покојникот да ѝ се предаде на фирмата Милан Бандиќ услуги и противуслуги додоел. за да биде изложен во Музејот на корушција, достапен и почитуван од сите граѓани кои 20 години го гласаа.

Бандиќевиот прст за крадење ќе ѝ се стави на располагање на Католичката црква која од секогаш го поддржувала, па може како реликвија да го изложи во Загрепската катедрала, пишува во барањето на Јуричан.

Милан Бандиќ беше 20 години на чело на Загреб. Важи за контроверзна личност, многу често поврзуван со корупција и други скандали далеку од законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.