Српскиот епидемиолог Предраг Кон објави на својот профил на Фејсбук дека е време да се повлече и да им препушти на другите да ја водат пандемијата со Ковид-19, бидејќи, како што вели, не сака да војува против никого, освен против вирусот.

Како што читам на Фејсбук, јас и стручниот тим сме главни виновници за продорот на вирусот во Геронтолошкиот центар во Ниш. Поради тоа, време е да се повлечам и да им препуштам на подобрите да ја водат битката со пандемијата. Подобро не знам и не умеам. Војни не сакам да водам против никого, освен против вируот. Сиот гнев наместо на ситуацијата, се сврте кон мене и кон стучниот тим и време е да се повлечам, напиша доктор Кон.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.