Шефот на колумбиската полиција Хорхе Луис Варгас изјави дека еден од петте главни сојузници на наркокартелот Клан дел Голфо е балканската мафија.
Тој наведе дека дрогата од Колумбија и од Централна Америка со бродски контејнери е транспортирана до Холандија и до Шпанија, а потоа по копно до Балканот.
– Ова злосторничка организација има пет главни сојузници за шверц на кокаин ширум светот. Во Мексико сојузници и се картелите Јелиско Нуева Генерасион и Синалоа, во Европа калабриската и сицилијанската мафија и мрежите за трговија со дрога на Балканот, изјави Варгас.
Водачот на Клан дел Голфо, Дарио Усуга познат како Отонијел е уапсен на 24 октомври во северозападна Колумбија и набрзо треба да биде екстрадиран во САД.
Отонијел се смета за еден од најопасните светски дилери, а Клан дел Голфо брои околу 3.500 луѓе, според официјалните податоци на колумбиската полиција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.