Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за денеска закажа консултации со партиите за датумот на парламентарните избори, но ниту една опозициска партија, па дури ни Социјалдемократската партија, нема да одговори на неговата покана, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.

Се очекува по денешните консултации Ѓукановиќ во наредните денови да ги распише парламентарните избори, а некои медиуми, повикувајќи се на извори од врвот на ДПС, јавија дека тие би можеле да се одржат во првата недела од септември или во последната недела од август.

На консултациите што ќе се одржат во Вила Горица, освен претставници на партиите од владејачката коалиција, ќе присуствуваат и претставници на албанските партии.

Крајниот рок за одржување на редовните парламентарни избори е 18 октомври оваа година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.