Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, предупреди дека Западен Балкан останува место на судир на геополитички интереси што може да го дестабилизира целиот регион.
Ѓукановиќ нагласи дека предизвиците и заканите за мултиетничката демократија на Балканот и во денешно време се исклучително силни.
Западен Балкан повторно е сцена на спротивставени геополитички интереси, што ја забави интеграцијата на западно балканските општества во нивната природна европска средина, поткопувајќи ја довербата и забавувајќи ја асимилацијата на европските вредности. Оваа конфузија не само што доведува до стагнација и понатамошно заостанување во развојот на овој европски регион, туку исто така ја отвора вратата за враќање на деструктивните теории дека поради заостанатоста овој регион не може да живее како мултиетничка и мултирелигиозна заедница, ниту да го гарантира функционирањето на земјите. Ваквата конструктивна теза е специјално наменета да се припише на Босна и Херцеговина, но и на другите помали земји во регионот, со цел да се создаде алиби за продолжување на националистичките проекти од големи размери, како оние што доведоа до војна во оваа област во 1990-те години со речиси 150.000 човечки жртви – истакна Ѓукановиќ.
Тој нагласи дека решеноста на Црна Гора да се спротивстави на ваквите ретроградни и опасни идеи не е намалена.
Затоа денес Црна Гора предупредува на обновена опасност од дестабилизација на Западен Балкан и стеснување на хоризонтот на европската перспектива – изјави Ѓукановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.