Актуелната влада е нефункционална и треба да се смени, бидејќи нејзиниот мандат претставува колапс на Црна Гора, изјави претседателот Мило Ѓукановиќ.

Тој на форумот 2BS во Будва истакна дека нефункционалноста на актуелната Влада не го изненадила.

– Владата не може да биде функционална, бидејќи ја имате пешадијата на српскиот свет во Парламентот, нагласи Ѓукановиќ.

Како што наведе, во тој блок се две граѓански коалиции, кои се согласиле да бидат во сојуз со големосрпскиот национализам.

– Го разбирам распетието меѓу потребата за смена на Владата и влезот на Демократскиот фронт, додаде црногорскиот претседател.

Според него, „единствениот излез од ваква лоша ситуација е преку предвремени парламентарни избори



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.