Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ околу случувањата со законот за верската слобода оцени дека се злоупотребуваат граѓаните за да се урне Црна Гора.
Не дозволувајте вашата верска слобода да се злоупотребува на начин на кој се злоупотребува деновиве во Црна Гора, а се злоупотребува за да се урне Црна Гора“, кажа синоќа црногорскиот претседател.
Тој на граѓаните им порача дека не треба да дозволат да бидат „дел од тој лудачки проект“.
Ние имаме многу јасна насока, а тоа е да обезбедиме беспоговорна имплементација на она што се уставни одредби во уставот на Црна Гора, а тоа е одвоеност на црквата и државата и загарантирана слобода на вероисповедта“, кажа Ѓукановиќ.
За секој што ја познава историјата, нема дилема, сѐ додека имало црногорска држава, имало и Црногорска православна црква“, кажа Ѓукановиќ.
Православната црква во Црна Гора е самостојна и ги има сите атрибути на самостојност. Бидејќи Црна Гора се присоединила со Србија логично било црквата да се присоедини со СПЦ. Одлуката била политичка, државата исчезнала. Ако било логично во 1918 да ја снема црквата кога ја снемало државата, што е со 2006 кога беше обновена државата? Ќе ја обновиме црквата, нормално“, истакна црногорскиот претседател.
Ѓукановиќ оцени дека на Балканот се присутни многубројни поделби, додавајќи дека црногорските власти за тоа како да се надмине проблемот сметале дека важна улога во тоа би можела да игра една конструктивна православна црква.
И затоа кажавме – немаме намера да се однесуваме така што ќе формира некоја своја црква од која сега Црногорците ќе ги избркаат Србите, како што некогаш Србите ги избркале Црногорците од СПЦ, туку сакаме да се формира една црква во која ќе најдат место сите православни верници во Црна Гора. И нашиот повик до сите беше, ако навистина сакате да се заштитат и афирмираат интересите на една вероисповед во Црна Гора, лесно ќе се договориме“, истакна тој и додаде:
Но ве по сѐ изгледа не сте во таа мисија. Нам ни изгледа дека сте во мисија на посрбување на Црна Гора. Изгледа сакате да ја вратите Црна Гора во претходната претстава дека Црна Гора е втора српска држава. И тоа е всушност суштинското несогласување на големосрпскиот национализам со црногорската независност“.
Ѓукановиќ констатираше дека, како што кажа, „големосрпскиот национализам морал малце да се стиши по 2006, но никогаш не се помирил со црногорската независност и дека и понатаму го сонува својот сон, да се прекрои Балканот, да се направат зголемени Србија, Албанија, Хрватска, а другите да исчезнат“.
Тоа е отприлика планот кој секогаш постоел и во деведесеттите години ги чинеше нашите простори голем број жртви. Значи, не може да има голема Србија, ниту голема Албанија, може да има само голема трагедија. И наместо тие лекции добро да се научат во 90-тите години, наместо тоа да исчезне и длабоко да се закопа, како што гледаме, нецели 30 години потоа се враќаат старите идеи на маса и нивен составен дел е големосрпскиот национализам. Тоа е нешто со што не се согласуваме и кон што покажуваме непоколеблив и цврст отпор и никогаш нема да дозволиме да помине во Црна Гора“, заклучи Ѓукановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.