Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја повика Владата на Црна Гора итно и без одлагање да ги затвори границите и да воведе најстроги епидемиолошки мерки.
Податоците за бројот на починати и новорегистрирани случаи на Ковид-19 се алармантни – објави Ѓукановиќ на Твитер.
Црногорскиот Институт за јавно здравје објави дека во изминатите 24 часа во земјата починале 18 пациенти од последиците на коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.