Во Књажевац синоќа со куршуми од пушка биле убиени две и тешко ранети две лица.
Едно лице починало на лице место, друго во болница откако во нив пукал роднина со пушка. Уште две лица се здобиле со тешки повреди.
Полицијката го уапсила 63-годишниот Ненад Рониќ кој е осомничен дека синоќа во околу 20 часот во дворот од семејната куќа во Књажевац со пушка убил две лица, а две тешко ранил и потоа избегал од местото на злосторството, информира Курир.рс
Од здобиените повреди во дворот на Рониќ веднаш починал 38-годишниот Јастреб Асановиќ, додека 19-годишниот Иван Рониќ им подлгнал на повредите во болница.
Убиените, како што пишува Курир.рс, се зет и внук на Рониќ, додека 20-годишната Романа и 15-годишниот Б.Р. кои со тешки повреди се пренесени во болница, се негова снаа и внук.
На злосторството, му претходела кавга меѓу Иван Рониќ и неговиот братучед К.Р. кој Иван го претепал, после што К.Р. му се пожалил на дедото Ненад, кој земал пушка и ја запознал крвавата одмазда.
Рониќ, после крвавата пресметка ја фрлил пушката во двор и избегал во непознат правец, но полицијата набрзо го уапсила. Како што пишува Курир.рс, во семејството Рониќ досега немало пријава за насилство, а на крвавата пресметка ѝ претходела семејна кавга.
Полицијата по налог на обвинител, извршила вид на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.