Портпаролот на МВР на кантонот Херцеговина-Неретва, Људевит Мариќ изјавил дека едно лице е сериозно повредено во немирите во Мостар во саботата вечерта, а дека 10 лица се приведени.
Мариќ за порталот „Кликс.ба“ изјавил дека во борбата учествувале неколку хулигани кои користеле палки, парчиња дрва и пиротехнички средства.
Со брзата интервенција на полициските службеници, јавниот ред и мир бил ставен под контрола, додал полицискиот претставник.
Причинета е материјална штета на една семејна куќа, а за време на тепачката се оштетени и паркирани возила.
Според неофицијални информации, група од околу 50 млади момчиња кои се членови на навивачката група на фудбалскиот клуб Зрињски, популарните „Ултраси“, влегле во мостарската населба Доња Махала, по што дошло до конфликт со локалното население и некои членови на навивачката група „Црвена армија“, кои го поддржуваат клубот Вележ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.