Протестите заради Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора не запираат. Притоа, не се работи само за црквена работа: претседателот Ѓукановиќ свесно ги поттикнува судирите, оценува германски „Шпигел“ во текстот под наслов „Триковите на Мило“.
Црна Гора долга низа години важеше за остров на стабилноста на проблематичниот западен Балкан. Црногорскиот претседател и долгогодишен владетел Мило Ѓукановиќ вешто маневрираше со својата држава во текот на војните во поранешна Југославија и, по мирен пат, во 2006 година ја доведе до независност. Поранешниот млад комунист Мило во меѓувреме стана верен сојузник на НАТО и ЕУ, а Западот заради тоа последните години му прогледа низ прсти за многу внатреполитички афери.“
Но во земјата владее големо незадоволство заради неговата корумпираност и феудалистичко владеење. Веројатно тоа е причина заради која тој овие денови демострира дека без него на Црна Гора и се заканува безредие“, оценува новинарот Кено Ферсек во текстот на интернет изданието на германскиот магазин „Шпигел“.
Приликата за тоа го нуди новиот Закон за вероисповед којшто е изгласан кон крајот а минатата недела. Контроверзната одредба од законот е дека црквите во Црна Гора мораат да имаат доказ за сопственост на зградите, деловните објекти и земјиштето што сега ги поседуваат, а тоа да е од пред 1918 година. Во спротивно, на тој имот му се заканува експропријација. А 1918 година се споменува затоа што тогаш Црна Гора се интегрираше во Кралството Југославија. Таа одредба директно е насочена против влијанието на Српската православна црква во државата, на која и припаѓа поголемиот број од верниците во државата“, пишува „Шпигел“.
На Српската православна црква ќе и биде тешко да собере докази за сопственост на многу стари имоти, затоа што модерите катастри во регионот се воведени после 1918-та. Иако меѓуародните тела, како на пример Советот на Европа, упатија строго барање до црногорската влада Законот да се структурира во конструктивен дијалог со сите кои се погодени, контроверзната одредба сепак е задржана во законот.“
Кога Законот минатата седмица беше усвоен, во подгоричкиотн парламент се случи хаос. После гласните протести на опозицијата, полицијата уапси 18 членови на просрпскиот опозициски сојуз, а против тројца е покрената кривична постапка. Од тогаш, илјадници луѓе секојдневно демонстрираат ширум земјата. Повремено ги блокираат главните сообраќајници, а повеќе пати имаше и насилни судири. Протести против тој закон имаше и во Србија и Република Српска. Националистите во Белград ја нападнаа црногорската амбасада.“
Претседателот Ѓукановиќ меѓутоа не беше многу импресиониран од настаните – законот го потпиша само еден ден откако беше донесен. Притоа, не се работи толку за црквениот имот – многу работи зборуваат дека шефот на државата бара конфронтација, затоа што со тоа го одвлекува вниманието од стварните проблеми во Црна Гора. Ѓукановиќ, членови на неговото семејство и само мал број негови лиски сораотници веќе три децении владеат со земјата како таа да е нивна сопственост. Замешани се и во бројни корупциски афери, а за нив никогаш не мораа да одговараат.“
„Шпигел“ понатаму пишува: „Изорите во земјата редово се лажираат во корист на партијата на Ѓукановиќ, на владеачката Демократска партија (ДПС). Во Црна Гора сеуште е дојде до промена на власта. Ѓукановиќ ги „купува“ странците нудејќи се како верен партнер во операциите на НАТО или како бедем во бегалската криза.“
Но, Душко Кнежевиќ – бизнисмен кој игра своја сопствена игра – веќе една година го потресува системот на Мило: Повеќе пати објавуваше видео-снимки на кои се гледа подмитување и илегално финансирање на ДПС. Црногорската јавност на тоа реагираше со огорчување. Пред престојните парламетари избори на есен тоа претставува сериозна закана за Ѓукановиќ и неговата партија.“
Во така деликатни внатреполитички состојби“, пишува германскиот магазин, „Ѓукановиќ повеќе пати се обидуваше да ја тематизира независноста на Црна Гора од поранешната асоцијација со Србија, како и расправата за идетитетот на независната држава. Тој се претставува како патриот и чувар на итегритетот на земјата.“
Шефот на државата го поттикнува судирот со Српската православа црква во Црна Гора. Црна Гора со години безуспешно се обидува Црногорската православна црква, која е осована во 1993 година, да ја направи официјално мнозинска црква. Таа не е призната во православието и, според неофицијални проценки, има само неколку илјади следбеници.“
Моментно не се знае дали тактиката на Ѓукановиќ ќе биде успешна – а нема сомнеж дека таа е опасна: црногорската влада ја предупреди Српската православна црква дека ја поткопува државоста на Црна Гора, а митрополитот Амфилохие дури вели дека може да дојде до граѓанска војна.“
Судирот се заканува да се прошири и надвор од границите на Црна Гора: претседателот на Срија, Александар Вучиќ рече дека испраќа ‘сигнал за единство на сите Срби, без оглед на границите што ги делат’. Тоа исто така може да се толкува како закана упатена на адреса на Црна Гора. Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Русија оценува дека црногорскиот закон е ‘напад на единството на православието’“, се наведува на крајот на текстот објавен во „Шпигел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.