Километарски колони и чекање со часови. Србија блокирани пред стапувањето на заострените мерки. Ваква е сликата со која се соочуваат граѓаните кои тргнале и сакаат новогодишните празници да ги поминат дома. Гужва има на границата меѓу Хрватска и Словенија, а најлошо е на граничниот премин Брегана, каде се чека и повеќе од десет часа. Засега македонските власти не ја разгледуват опцијата да предложи дополнителни мерки, бидејќи се уште за влез во земјава од ниту една држава не е потребен негативен ПЦР-тест.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава. Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните, велат од Министерството за здравство.

И Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека доколку се почитуваат мерките, истите ќе дадат резултати.

Границите мора да бидат отворени заради тоа што не сме загозени од граѓаните од другите земји. Едноставно најголем проблем во сите земји не само кај нас туку и во регионот и цела Европа е локалната трансмисија. Ние немаме ризик ако некој од локалните земји дојде кај нас“, вели Венко Филипче.

Хрватска пред неколку дена ги продолжи строгите мерки на границите, кои поради епидемиолошката состојба ќе важат уште еден месец, односно до 15 јануари. Граѓаните на ЕУ можат да влезат во Хрватска само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, или мора да одат во самоизолација се додека не добијат негативен тест. За влез во Србија в понеделник станува задолжителен ПЦР-тестот. Ако граѓаните го немаат, ќе мора да останат во самоизолација 10 дена. Доколку сакаат да го направат, ќе треба да платат 140 евра, ако се странски државјани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.