Интервјуто на привремениот заменик-министер за енергетика во владата на Гулаб Донев, Еленко Бошков, ги засили сомнежите дека претседателот Румен Радев ја избрал со задача да ја врати Бугарија под руско влијание.

Во интервјуто за бугарската телевизија Нова Бошков не ја исклучува можноста да преговара за нов долгорочен договор со руски Гаспром, вклучително и да се согласи да го плати рускиот природен гас во рубли, спротивно од санкциите на ЕУ.

„Гаспром„ е опција . Во исто време, преговорите со Азербејџан кои ги почна владата на Петков се во прекин додека новиот тим не дознае што е досега договорено – рече рече Божков, додавајќи дека „не гледа ништо лошо во тоа“.

Бугарија го добиваше најголемиот дел од природниот гас од Гаспром, но руската компанија ги прекина испораките на крајот на април бидејќи владата наКирил Петков одби да почне да плаќа во рубли.

Иако, владата на Петков обезбеди испорака на 1 милијарда кубни метри природен гас од Азербејџан, количество кое треба да биде испорачано пред завршувањето на гасната врска Грција-Бугарија, тоа е само една третина од годишната потрошувачка на Бугарија.

Бошков во интервјуто вели дека самата Бугарија е одговорна за запирање на снабдувањето на „Газпром“ бидејќи владата на Петков одбила да го плати гасот во рубли. Актуелниот договор со „Газпром“ истекува на крајот на 2022 година.

Во меѓувеме привремената влада на Гулаб Донев размислува за повторно потпишување на долгорочниот договор со Газпром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.