Колинда Грабар-Китаровиќ, кандидатката за претседател на Хрватска направи гаф, кога на гостување на телевизијата Н1 ги повика граѓаните да гласааат за нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ.
Почитувани гласачи, ве повикувам да излезете на изборите на 5 јануари и да го дадете својот глас за онаква Хрватска што ќе го продолжи процесот на раст и развој и за Хрватска што знае и може подобро, Хрватска што е горда со своите вредности и нема комплекс на помала вредност и во светот е рамноправен соговорник. Ве повикувам да го заокружите бројот еден на гласачкото ливче“, изјави Грабар-Китаровиќ.
Под овој број, во вториот круг на претседателските избори во Хрватска се наоѓа нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.