Маж, кој уште завчера во околу 19 часот се затворил дома заедно со својата мајка, откако фрлил бомба во домот на соседите, бил уапсен вчера во околу 13 часот.
Тој е ставен под контрола, а мајка му која била со него затворена дома, била однесена во болница со Брза помош.
Тој одбивал секаков вид соработка со преговарачкиот тим на МВР на Република Српска, а на лице место дошле и припадници на Специјалната антитерористичка единица, како и Драган Лукаќ, министер на МВР.
Мажот инаку фрлил рачна бомба кон домот на своите соседи, која за среќа не се активирала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.